Снежана Стојчевска (*1980)


Kratka biografija i bibliografija

I’LL NEVER STOP <=> I’LL NEVER STOP
ПРОЦЕС: Без дијагноза <=> DER PROZESS: Ohne Diagnose
БЕЗ КОРКА <=> OHNE KRUSTE
НЕВИДЛИВА БИТКА <=> UNSICHTBARE SCHLACHT


I’LL NEVER STOP

Првото нешто што нè учеа на балет е дека
треба да изгледа лесно,
толку лесно колку што е тешко
да се чини дека секој може да го изведе тоа
да не се забележи дека стапнуваш на подот
лебдиш постојано еден сантим над земјата
нечујно
грациозно
нежно
меко
и секогаш со насмевка на лицето
да не помисли некој дека боли
боли ли?
дури ни кога ти крвават прстите.
Како поет осознав сама
треба да е лесно,
толку лесно колку што е тешко
да се чини дека секој може да го напише ова
де не се забележи дека стапнувам на подот
лебдам постојано еден сантим над земјата
нечујно
грациозно
нежно
меко
и секогаш со насмевка на лицето
да не помисли некој дека боли
боли ли?
дури ни кога ми крвават прстите.


natrag
ПРОЦЕС: Без дијагноза

Како во видео игра со многу нивоа
како да бараш тајно богатство по тајна мапа
како да си влeгол во “Процес” на Кафка
уште овој ходник
уште оваа врата
уште овој шалтер
уште ова снимање
уште овој упат
до друг оддел
на друг спрат
на друга врата
кај друг доктор
по други скали
за нов упат
до ново одделение
за друго испитување
за трето, шесто, десето
во друга болница
по други ходници
со надеж дека одговорот се крие токму зад оваа квака,
зад оваа врата ќе ти речат ти не си за тука,
но нема да ти кажат за каде си
и нема да ти кажат дека смртта зема и без дијагноза
и дека светлината што ја бараш на крајот на болничкиот ходник
е истата онаа светлина што нè води на другата страна.


natrag
БЕЗ КОРКА

Како мала бев неухрането дете
татко ми секогаш седеше до мене
за да се увери дека ќе изедам
две кришки леб, без корка.
Времето ја врти масата
на која седам до татко ми
за да се уверам дека ќе изеде
две кришки леб, без корка.


natrag
НЕВИДЛИВА БИТКА

Ѓаволот не се откажува од нас
до последниот миг се бори за нашата душа.
Во судните часови од животот на татко ми
се одвиваше невидлива битка.
Белиот Ангел го влечеше за едната,
а црниот за другата рака,
додека ние тројцата се обидувавме
да му ја смениме испотената блуза.


natrag
Снежана Стојчевска, родена во 1980 година во Скопје, е поетеса од Северна Македонија која има освоено многу награди за нејзините поетски книги. Студирала педагогија на Филозофскиот факултет на Универзитетот " Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а работела и за КВАЗАР-Филм како продукциски координатор, како и уредник на книжевното и уметничкото списание „Современост“. Нејзината поезија беше објавена во сите релевантни антологии на младата македонска поезија. Снежана Стојчевска учествуваше на бројни меѓународни Поетските фестивали во Северна Македонија и во странство и настапуваа таму, вклучувајќи го и фестивалот на литературата "InterLese" на Фридрих-Бедекер-Kreis во Sachsen-Anhalt во 2019 година во Магдебург, каде што работела заедно со нејзиниот преведувач Koрнeлиja Маркс, којa објавилa избор на песни, преведена од македонски на германски јазик, настапила на различни читања во Магдебург и ја претставила својата поезија пред германската публика, како и во германските книжевни списанија, на пример ODA – ORT DER AUGEN (ОДА) и OSTRAGEHEGE (ОСТРАГЕГЕГЕ).

Книжевни дела (селекција), поетски книги:
• Шеќер, 2012
• Под нулата, 2013
• Модри фантазии, 2015
• Треба да е лесно, 2017
• Ќе се завијам во песни, 2019

natrag