Biljana S. Crvenkovska (*1974)


Kratka biografija i bibliografija

SВЕЗДА МРАК <=> STELLA DARK


SВЕЗДА МРАК

Си беше еднаш, e, или ќе биде… едно девојче. Се викаше, вика или ќе се вика – Sвезда Мрак. Како што веќе претпоставувате, Sвезда живее – во Срашкоград! И таа е едно навистина необично девојче, но не онака необично како што, верoјатно, претпоставувате вo моментов. Таа нема волшебно стапче. Не поседува супермоќи. Таа не е исклучително убава, ниту, пак, богата, иако има сопствен замок.

Но, таа e мошне умно девојче со огромно, огромно срце...

Што уште треба да знаеме за Sвезда?

Име: Sвезда Мрак

Години: 13

Боја на очи: зеленa

Боја на коса: црнa

Oмилена боја: црнa

Aдреса и место на живеeњие: Замок Црнокуле, ул. Пајак бр.9, Страшкоград, Новостара Непознанија

Родители: Нема. Sвезда e сираче koe kako бебе останало само на светот, а нејзин старател е најмилотo чудовиште на светот, Чупи.

Oмилен пијалак: превријена жабја плунка, со лимон и цимет.

Oмиленo jaдење: бонбони од пајажина и препечен шеќер.

Занимање: вдомување на несакани сутешества

natrag
Biljana S. Crvenkovska од Севернa Македонијa, млада писателка, сценарист и преведувач, магистер по филозофски науки. Автор е на повеќе романи и илустрирани романи за деца. Некогаш се занимаваше со филозофија, театар, новинарство, маркетинг, уредуваше весници и портали, а во последниве неколку години пишува и уредник е на литература за деца. Нејзината книга за деца „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ влезе во најтесен избор за наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија 2020, додека нејзиниот прв роман за возрасни „Девет приказни за госпоѓица Сит“ влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината за 2019 година на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Djelo (izbor):
• Митски лавиринт, 2004
• Мојата прва книга со зборови, 2016
• Момчето што се скри во златното јаболко, 2016
• Двата цара, 2016
• Бајки од Македонија, 2017
• ТКЦП: Канџа во мракот, 2018
• Бајки од Македонија за цела година, 2019
• Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград, 2019

natrag